Fitoterapija na KVS

Report
Kардиоваскуларниот систем
Преткомори
Срце
КВС
(атриуми)
Комори
(вентрикули)
Вени
Крвни
садови
Артерии
Капилари
Kардиоваскуларен систем
 учествува во одржување на оптимална внатрешна хомеостаза,
терморегулација и ацидобазна рамнотежа преку транспортот на:
хранливи материи, кислород, хормони и метаболити и преку
отстранувањето на непотребните материи,
 клучната улога во одржувањето на функционалноста на ткивата и
органите во организмот.
Оштетувањата на кардиоваскуларниот систем водат до промена на
крвниот проток и појава на различни патолошки состојби.
За превенција и третман на кардиоваскуларни заболувања како што се:
конгестивна срцева слабост, срцева аритмија, ангина пекторис, хипертензија
и хипотензија, постојат соодветни фитопрепарати, кои најчесто не
овозможуваат целосен третман, туку само подобрување на состојбата на
пациентите. Токму затоа, фитопрепаратите при третман на
кардиоваскуларните заболувања се применуваат како дополнителна
терапија и се дел од комплементарната медицина.
Фитотерапија на КВС вклучува терапија на:
 конгестивна срцева инсдуфицијенција
 ангина пекторис
 артериска хипертензија
 артериска хипотензија
 хронична венска инсуфицијенција
 хемороиди
 артериско оклузивно заболување
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Срце
• Централен орган на КВС
• Напречно-пругаста мускулатура
• Физиолошки својства слични на мазните мускули
• Биолошка пумпа
o Континуиран тек на крвта
o Еднонасочен тек на крвта
КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ e состојба
која може да биде резултат на било кое
структурно или функционално срцево
нарушување кое што ја намалува
способноста на срцето да испумпува
потребно количество на крв низ целото
тело.
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Клиничка слика
 диспнеа,
 ортопнеа,
 слабост, абдоминални симптоми,
конгестија на црн дроб
 ноќна (пароксизмална) диспнеа,
 Чејн – Штоксово дишење,
 срцеви периферни едеми,
 мозочни симптоми – конфузија, потешкотии
во концентрацијата и меморијата, главоболка,
 цијаноза, бледило, тахикардија,
аритмија, хипертензија итн.
 зголемување на телесната тежина.
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Типови на срцева инсуфициенција
1. Десно-срцева слабост
 Срцето не пумпа доволно крв
во малиот (белодробен) крвоток
 Едеми во долните екстремитети,
зглобовите, стомакот, хепарот
2. Лево-срцева слабост
 Срцето не пумпа доволно
крв во остатокот од организмот
 Белодробен едем
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
The New York Heart Association (NYHA) го класифицира намалувањето на срцевата
работа во четири класи:
- класа I (слаба): пациенти кај кои нема ограничувања на физичката активност т.е.
обична физичка активност не предизвикува замор, палпитации (неправилно чукање
на срцето) или диспнеа,
- класа II (слаба): пациенти со многу мали, умерени ограничувања на физичка
активност. Тие се смирени кога се одмараат, имаат слабо ограничување на
активноста, се чувствуваат добро при мал напор и при мирување,
- класа III (умерена): пациенти со карактеристични ограничувања на физичката
активност. Тие се смирени кога се одмараат, но при мала физичка активност се
јавува замор, палпитации или диспнеа,
- класа IV (остра): пациенти кои мора постојано да се одмараат, кај кои било каква
физичка активност предизвикува појавување на симптомите. Се јавува можност за
појава на симптоми на срцева инсуфициенција.
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Терапија на срцева инсуфициенција (конвенционален третман):
A. Промени во животниот стил:
a. Намалување на телесната тежина
b. Одржување на оптимална физичка активност
c. Избегнување на наркотици, алкохол и цигари
d. Квалитетен одмор
B.
C.
Медикаментозна терапија:
a. Диуретици
b. ACE инхибитори
c. Бета-блокатори
d. Директни вазодилататори
e. Кардиотонични гликозиди
Превенција од други заболувања
ФИТОТЕРАПИЈА НА СРЦЕВА ИНСУФИЦИЕНЦИЈА
Најзначајни хербални суровини
Растение
Дрога
Главни конституенси
Digitalis spp.
Листови
Кардиотонични стероидни
гликозиди
0.1 g
Crataegus laevigata
Лист, цвет и
плод
Флавоноиди, тритерпени,
проантоцијанидини
1g
Convallaria majalis
Херба
Карденолиди
0.15 g
Nerium oleander
Листови
Strophantus spp.
Семе
Карденолиди
0.1 g
Adonis vernalis
Херба
Карденолиди, флавоноиди
1-3 g
Urginea maritima
Луковица
Буфадиенолиди
0.1-0.5 g
Карденолиди, прегнани
Дневни дози
0.15 g
Кардиотонични гликозиди
Растенијата што содржат кардиотонични гликозиди имаат позитивен инотропен
ефект, односно ја зголемуваат силата на контракција на срцевиот мускул.
Според структурата на агликонскиот дел:
Карденолиди
Буфадиенолиди
КАРДИОТОНИЧНИ ДРОГИ
Digitalis spp.
(дигиталис, напрсток, бутин)
Digitalis purpurea L. - пурпурен(црвен) бутин
Digitalis lanata Ehrh. - волнест бутин
фам. Scrophulariaceae
digit =прст (прстест изглед на цветовите )
дрога -исушени листови
Digitalis lanata / purpurea
Главни гликозиди кај пурпуреа се пурпуреа гликозидите А и В, а кај ланата
ланатозидите означени од А до Е (најзначаен ланатозид С).
Со отстранување на ацетатните групи и терминалната глукоза од шеќерите од
нив се образуваат дигитоксин, гитоксин, дигоксин, дигиталин и гиталоксин,
Најголемо значење:
- ланатозид С и дигоксин од ланата и
- дигитоксин од пурпуреа.
Фармаколошко дејство и употреба на
кардиотоничните хетерозиди
Kлинички испитувања:
 Лево-срцева конгестивна инсуфициенција и десно-срцева
слабост.
 Jа зголемуваат активноста на сите форми на мускулно
ткиво, но особено на срцето и артериолите.
 Мала доза има способност значително да го намали
пулсот, како и да го нормализира ирегуларниот пулс.
 Ја подобрува и исхраната на срцето преку зголемување на
количината на крв која доспева во коронарните артерии.
 Потребни се 12 или повеќе часа додека ги пројави своите
ефекти врз срцевиот мускул, па поради тоа мора секогаш да се
комбинира со други лекови.
 Никогаш не се препишуваат во големи почетни дози,
склоност кон предизвикување на значителни
дигестивни непријатности, што најверојатно се должи
на присусттвото на други, пратечки компоненти.
 Дејство врз бубрезите:
моќен диуретик, ја подобрува снабденоста на
бубрезите со крв и ја намалува опструкцијата во
бубрезите. Лек при водената болест (едеми и сл.),
доколку е настаната како резултат на срцеви
заболувања.
Механизам на дејство
 позитивно инотропно дејство, jа зголемуваат силата на контракција на
срцевиот мускул, без да се зголеми потрошувачката на кислород.
 зголемување на минутниот волумен на срцето,
 намалување на венскиот притисок и на волуменот на крвта во
венскиот крвоток,
 зголемување на брзината на систолата, а забавување на дијастолата.
Механизам на дејство
 врзување за активниот калиумов центар на транспортната ATP-аза (Na⁺/K⁺-ATP-аза)
со што предизвикуваат привремена, реверзибилна инхибиција на активноста на овој
ензим, односно привремено го спречуваат транспортот на јоните на Na⁺ и K⁺ низ
клеточната мембрана.
 се зголемува интрацелуларната концентрација на Na+, што пак го фаворизира
транспортот на Ca2+ во клетката преку механизмот на Na+/Ca2+ измена. Оттука
призлегува зголемената интрацелуларна концентрација на Ca2+-јон, која води до
зголемување на силата на систолната контракција.
Препарати, дози:
– од карденолидите на пурпурниот бутин практична примена денес имаат само
изолирани кардиотонични гликозиди.
 изолиран дигитоксин: Digitoxinum (Digitalin, Cardiotoxin), (пурпурен бутин),
 ланатозидот C, ацетилдигоксин и дигоксинот. Познати препарати кои се добиваат
од волнестиот бутин се: Digoxin, таблети и капки, Lanitop, β – metildigoxin,
полусинтетски добиен производ, Lanatosid C (Isolanid), Acedoxin (Acetyldigoxin)
волнестиот бутин најголема примена имаат .
Спрашена дрога која порано се користела за изработка на галенски препарати,
особено супозитории, денес повеќе не е во употреба.
Поради фактот дека денес кардиотоничните дроги од групата на дигиталис се
користат за изолација на кардиотонични хетерозиди кои понатаму се вметнуваат во
дозирани фармацевтски облици, лекови, современата употреба на дигиталисот ги
надминува рамиките на хербалната терапија и тие денес се средства што се
користат во КОНВЕНЦИОНАЛНИОТ ТРЕТМАН НА СРЦЕВАТА ИНСУФИЦИЈЕНЦИЈА.
Токсичност
Сите делови од растението се отровни.
Гликозидите на дигиталис се екскретираат бавно и се
кумулираат во организмот, па токму поради тоа и
интоксикациите се својствени за време на третманот.
Предозирањето со дигиталис често се среќава помеѓу
адолесцентите и возрасните кои вршат намерно ингестирање
заради суицидални цели.
Како причина за клиничката токсичност се наведува интеракцијата помеѓу
дигиталисот, различни електролитни абнормалности и нивниот комбиниран
ефект на Na+/K+ ATP-азната пумпа.
Convalaria majalis L., Liliaceae
– момина солза
Многугодишно тревесто, растение.
Стебло: исправено цветоносно, високо до 20 cm.
Цветови: ситни, мирисни, бели, ѕвонести.
Листови: широки, крупни, со паралелна нерватура.
Плодови: црвени бобинки.
Се размножува брзо со помош на ризоми.
Во терапијата се користат цветовите,
листовите и корењата, но свежите
листови имаат најголема потентност.
Нативна е за Европа, но се среќава и
низ источните делови на Северна
Америка, Северна Азија и во Англија.
Се собира за време на периодот на
цветање во мај и јуни.
Хемиски состав
Кардиоактивни гликозиди: конвалотоксин, конвалотоксол, конвалозид,
конвалотоксолозид, конваларин, конваламарин, глукоконвалозид;
- Сапонини: конваларин и конваларинска киселина;
- аспарагин;
- флавоноиди;
- етерично масло со фарнезол.
Дејство:
- кардиотонично дејство, слично на строфантус, но послабо!
- диуретично,
-пургативно,
- еметично.
Индикации:
- аритмии,
- конгестивна срцева слабост,
- едеми од срцево потекло,
- хипертензија,
- атеросклероза,
- камења во бубрези и жолчка,
- венозна инсуфициенција,
- кардијална астма.
Германската комисија Е ја одобрува
дрогата за:
 третман на срцева инсуфициенција фаза
I и II според NYHA класификацијата,
 аритмии, кои се последица на нервни и
срцеви нарушувања.
Препарати и дози
исушени листови: 60-200 mg за инфуз,
течен екстракт: 1:1 во 25% алкохол, 0,6-2 ml,
тинктура: 1:5 во 40% алкохол, 0,5-1 ml,
тинктура (B.P.C. 1934): 1:8 во 60% алкохол, 0,3-1,2ml.
Може да се најде и во комбинации со
глогот, Leonorus cardicia и еден вид кактус од
родот Selenicereus.
 Хетерозидите на момината солза дејствуваат:
- брзо, краткотрајно и воопшто не кумулираат.
Момината солза ја зголемува и диурезата и ги намалува едемите настанати како
последица од срцевата инсуфициенција.
Голема примена дрогата и нејзините препарати имаат во Русија.
Во употреба се комбинирани препарати со други кардиотонични и диретични дроги.
Pumpan содржи:
• Crataegus D1 20 ml,
• Arnica D6 10 ml,
• Kalium carbonicum
D6 10 ml,
• Digitalis D12 10 ml,
• Convallaria D12 10
ml,
• ethanol 43%,
• purified water
Производител: RICHARD BITTNER GmbH
Aurumheel Rx 50ml - Heel/BHI Homeopathics (!!!)
Состав:
- Crataegus oxyacantha 2X (неправилен, наизменичен, слаб пулс) 40 ml;
- Aurum muriaticum natronatum 6X (атеросклероза, хипертензија), 5 ml;
- Valeriana officinalis 2X (иритација, несоница) 2.5 ml;
- Convallaria majalis 2X (чувство дека срцето престанува да чука),
- Cytisus scoparius 2X (ангина пекторис; неправилен пулс) 1 ml од секое
- Arnica montana, корен 2X (слаб пулс и неправилен мускулен тонус) 0.5 ml.
Dietary
supplement
Формулациски карактеристики: поткрепа на срцевиот мускул и нега
на кардиоваскуларниот систем. Промоција на срцевата циркулација,
конрактибилност на срцевиот мускул, искористување на кислород.
Може да стимулира вазодилатација на коронарни крвни садови.
*Овие тврдења не се евалуирани од FDA. Овој производ не е
наменет за дијагноза, третман, нега и превенција на кое било
заболување.
Потенцијални несакани ефекти
 Може да се користи само под надзор од лекар или друго компетентно лице.
 При предозирање, можнa е срцева слабост.
 Во комбинација со хинидин, дигоксин, калциумови соли, салуретици и
гликокортикоиди несаканите дејства се потенцираат.
 Не треба да се употреба за време на бременост и доење.
 Црвените плодови на растението се многу отровни.
Strophanthi semen – семе од строфант,
Strophantus spp., Apocynacae
Видови од родот Strophantus:
– Strophanthus hispidus DC.
– Strophanthus kombe Oliv.
– Strophanthus gratus (Wall. Et Hook) Baill.
Автохтоно растат во тропските шуми на Африка
Фармаколошко дејство
• Позитивно инотропно дејство
• Најбрзо и најсилно
• Механизам - како дигиталисовите хетерозиди
• Краткотраен ефект
• Не кумулираат, се излчуваат непроменети преку урина.
Уабаин
• Се користат само изолирани форми на хетерозиди
• Се аплицираат i.v
• Се употребува при срцева инсуфициенција, кардијална астма,
белодробен едем, миокарден инфаркт
• Се користат при тешки форми на хронична срцева инсуфициенција
и неуспешно лекување со препарати на Digitalis spp.
Scillae bulbus – луковица од приморски лук,
Urginea maritima, (L.) Beker, Liliaceae
Два вариетети:
Scillae albae bulbus - бел вариетет (терапевтски важен)
Scillae rubrae bulbus – црвен вариетет
Буфадиенолидни хетерозиди:
 Просциларидин А
 Сциларен А
 Гликосцеларенин А
Според јачината на дејство се помеѓу
хетерозидите на Digitalis spp. и Strophanthus spp.
 Брзо дејство
 Брза елиминација
 Слабо кумулираат
 Изразен диуретичен ефект
Глог, Crataegus spp.
(Crataegi folium cum flore, Crataegi fructus)
• Crataegi folium и Crataegi folium cum flore се
офиценелни дроги (Ph. Eur., DAB10, BHP и др.).
Вклучени се во позитивната листа на Германската
комисија Е.
• Листовите, цветовите и плодовите кои се користат
во традиоционалната медицина се добиваат од два
видови глог: Crataegus laevigata (Poiret) SC, syn. C.
monogyna Jacq. и Crataegus oxyacantha Auct. fam.
Rosaceae
• Листовите се трнливи, без влакна, со 3-5 лиски, има
бели цветови распоредени во густо јато, а
плодовите се темно црвени со едно семе (Crataegus
monogyna) и со две семиња (Crataegus oxyacantha).
Плодовите се користат за правење на џемови и
вина.
Хемиски состав:
– проантоцијаниди (1-3%),
– флавоноиди (0,1% во бобинките и 1% во хербата), ароматични амини,
сапонини и цијаногени хетерозиди.
За дејството на глогот особено се значајни С-гликозидите (витексин, витексин2"-рамнозид, виценин) и проантоцијанидините
Epikatehin
Виексин
Виексин-2-О’’-рамнозид
Механизам на дејство
– активноста на глогот се должи на присутните флавоноиди, антоцијанидини
и проантоцијанидини.
Експериментално било утврдено дека глогот предизвикува голем број
позитивни фармаколошки ефекти врз кардиоваскуларниот систем, од кои
најзначајни се:
– антиаритмичниот ефект (кој се должи на инхибирањето на
реполаризацијата на вентрикуларниот мускул),
– продолжувањето на рефракторниот период,
– дилатацијата на коронарните крвни садови,
– намалувањето на концентрацијата на холестерол и триглицериди во
крвта,
– редуцирањето на симптомите на ангина и конгестивната срцева
слабост,
– хипотензивниот ефект, предизвикувајќи периферна вазодилатација на
крвните садови како резултат на присутните прантоцијанидини кои го
инхибираат ангиотензин-конвертирачкиот ензим (ACE).
Механизам на дејството:

инхибиција на цикличната АМР-фосфодиестераза, ензим кој ја катализира
деградацијата на цикличниот AMP (cAMP),
 што резултира со зголемување на интраклеточната концентрација на
cAMP во миокардот. Зголемувањето на концентрацијата на cAMP
доведува до протеинска фосфорилација, со што се зголемува силата на
контракциите (позитивно инотропно дејство).
ензими:
AC – аденил циклаза,
PDE – фосфодиестераза
Клиничка ефикасност
•
•
•
Глогот е екстензивно проучуван. Спроведени се најмалку 15 клинички
студии, во кои биле вклучени 1000 пациенти со конгестивна срцева
инсуфициенција од класа II (NYHA), кои укажуваат на терапевтската
ефикасност на глогот во третман на симптомите на конгестивната срцева
слабост како што се: засилена диспнеа, летаргија, засилена кашлица,
намалување на работната толеранција итн.
Германската комисија Е потврдува дека листовите и цветовите од глогот се
индицирани за подобрување на состојбата на срцето, кај пациенти од класа
II според NYHA.
Испитувањата на експериментални животни, при што во една студија и
изолирано срце од морско прасе покажале дека ефектот на флавоноидните
компоненти од глогот врз срцевата работа е позитивен инотропен и
хронотропен, со зголемување на коронарниот проток на крвта и зголемена
брзина на коронарна релаксација
Несакани ефекти
Високи дози од глог може да предизвикаат хипотензија, срцева аритмија и
седација. Помалку сериозни несакани дејства претставуваат вртоглавицата,
тремор и можност за појава на црвенило на лицето.
Интеракции
При истовремено користење на глогот со кардиотонични гликозиди, може да
настане значително зголемување на активноста на гликозидите.
При истовремено употреба со β–блокатори, глогот може да предизвика
изразени промени во крвниот притисок.
Контраиндикации
Контраиндицирана е во првиот триместар од бременоста.
Не се препорачува кај деца под 12 годишна возраст.
Community herbal monograph (HMPC/EMA): Комитетот за хербални лекови при
Европската агенција за лекови e во фаза на изработка на монографија за лист со
цвет од глог. Објавен е повикот за прибирање на научни податоци.
Препарати и дозирање
•
Препаратите кои се добиваат од глог се стандардизирани да содржат:
- 4-30 mg флавоноиди, сметано на хиперозид и
- 30-160 mg процијанидини, сметано на епикатехин.
•
•
Дневна доза за екстракт: 160-900 mg екстракт.
За подготовка на инфуз: 4-6 g глог/ден
2. АНГИНА ПЕКТОРИС
•
•
•
Најчеста манифестација на хронична
исхемична срцева болест.
Главните симптоми на исхемичниот
миокард се ангинозните болки.
Во развиените земји исхемичната срцева
болест е најчеста причина за смрт.
Причини
•
•
Најчеста причина за настанување на исхемичната болест претставува
атеросклеротичниот процес во срцевите артерии.
Состојби кои водат до потенцирање и забрзување на настанувањето на
атеросклерозата: артериската хипертензија, дијабетесот, пушењето,
покачените нивоа на холестерол.
Видови на ангина и симптоми
Исхемичната срцева болест се манифестира како:
• стабилна ангина пекторис, која се јавува при физички или психички напор и
вообичаено трае 1-10 минути, при што интензитетот на болката е различен.
При оваа состојба се аплицира нитроглицерин или антагонисти на калциум (на
пр. нифедипин).
• нестабилна ангина пекторис, која се одликува со појава на симптомите во
неочекувани моменти и при мирување, при што времетраењето и
интензитетот на болката се поголеми во однос на стабилната ангина. Оваа
состојба може да се јави во облик на новонастаната ангина пекторис, која се
јавува при мирување и при напор, влошена стабилна ангина пекторис и
постинфарктна ангина пекторис.
Конвенционална терапија
- за време на нападот се даваат 1-2 лингвалети нитроглицерин во комбинација
со анксиолитик,
- промена на начинот на живот и примена на терапијата (лекови во
монотерапија или комбинирано): нитрати со долго дејство - еднаш дневно,
бета блокатори, антагонисти на калциум (да се избегнува верапамил во
комбинација со бета – блокатори), салицилати.
Фитотерапија при ангина
Фитотерапијата за ангина се базира на употреба на бројни растенија чија
што примарна функција им е:
– инхибиција на акумулацијата на холестеролот во артериите,
– вазодилатација, со што настанува ширење, отворање на артериите при
што се овозможува поголем проток на крв, а со тоа и снабдување на
срцето со кислород и хранливи материи,
– аналгезија, со што се намалуваат болките при ангина.
Најзначајна дрога: глог!
Други значајни дроги: жен-шен, лук, кромид, артичока, ѓумбир, маслина,
врба, зелен чај, арника и др.
Жен-шен (Panax ginseng C.A. Meyer, Araliaceae)
 често се употребувани за лекување на пациенти со ангина или со
коронарни артериски заболувања.
Коренот содржи:
- 2-3% тритерпенски тетрациклични сапонини од типот на дамаран.
Изолирани се над 10 сапонини кои се означени како гинсенозиди.
OR2
OH
H
20
20 S-Protopasnaksadiol:
H
3
R1O
Ginsenozid
Ginsenozid
Ginsenozid
Ginsenozid
H
R1
H
Rb1: -D-Glc - -D-Glc
Rb2: -D-Glc - -D-Glc
Rc: -D-Glc - -D-Glc
Rd: -D-Glc - -D-Glc
R2
H
-D-Glc - -D-Glc
-L-Ara - -D-Glc
-L-Arf - -D-Glc
-D-Glc
OR2
OH
H
20
20 S-Protopasnaksatriol:
H
3
HO
H
OR1
R1
R2
H
H
Ginsenozid Re: -L-Rha - -D-Glc
Ginsenozid Rg1: -D-Glc
Ginsenozid Rg2: -L-Rha - -D-Glc
-D-Glc
-D-Glc
H
Механизам на дејство на гинсенозиди
Гинсенозидите се:
- антагонисти на Ca-канали во васкуларните ткива (дилатација).
- ги дилатираат коронарните артерии,
- инхибираат атерогенеза,
- зголемуваат фибринолизата на крвта.
Експериментално е утврдено дека вазодилататорниот ефект на
жен-шенот може се должи (меѓу другото) на:
 ослободувањето на азот оксид (NO), потентен вазодилататор.
Salvia miltiorrhiza (Lamiaceae), тан-шен или дан-шен!
 предизвикува дилатација на коронарните крвни садови.
 покажува и протективна активност при миокардијална исхемија.
 Ги заштитува миоклеточните митохондријални мембрани од исхемија,
а со тоа инхибира липидна пероксидација.
 Ин витро:

инхибира адхезија и агрегација на тримбоцити и
 инхибира ослободување на серотонин.
Се користи коренот
(црвено обоен).
Дитерпенските компоненти,
таншинони се веројатно
одговорни за активноста.
3. АРТЕРИСКА ХИПЕРТЕНЗИЈА
• Хипертензија или покачен крвен притисок е состојба на зголемен
систолен и/или дијастолен притисок.
• Нормалните вредности на крвниот притисок се 120-130/80-85 mmHg,
односно 18,7/12,0 kpa.
• Покачениот крвен притисок е во директна причинско-последична врска
со атеросклерозата, срцевиот удар и особено мозочниот удар,
периферната артериска болест, бубрежната слабост. Заради тоа
Светската здравствена организација ја смета денес хипертензијата како
прва причина зa смрт во светот, па затоа уште и се нарекува “тивок
убиец”.
Хипертензија
Според етиологијата се дели на:
– Есенцијалната хипертензија
– Секундарната хипертензија
Артерискиот крвен притисок е
директно пропорционален
со срцевата работа и
со периферниот отпор.
Ризик фактори кои исто така можат да
доведат до покачување на КП се: пушење,
дебелина, физичка неактивност, солена
исхрана, алкохол во големи количини.
Клиничка слика
– главоболка (особено наутро),
– вртоглавица,
– често се развива церебро-васкуларен инсулт (напад).
Во тешките облици, настанува:
 хипертензивна енцефалопатија, одбележана со
- стеснета свест
- грчеви и
- пораст на интракранијалниот притисок.
Може да се јават и симптоми од зафатените органи:
• коронарна болест, пореметувања на артериската циркулација на
периферијата, во бубрезите, појава на ретинопатија итн.
Лекови кои се користат во конвенционалната
терапија на хипертензија:
–
–
–
–
диуретици (го намалуваат волуменот на крвта)
симпатолитици (блокатори на норадреналин – вазодилататори)
директни вазодилататори (намалување на периферна резистенција)
блокатори на калциумовите канали (инхибитори на инфлуксот на
калиумови јони во васкуларните мазни мускулни клетки, со што се
намалува периферната резистенција)
– инхибитори на ангиотензин-конвертирачкиот ензим (ACE)
(предизвикуваат вазодилатација преку блокирање на ензимите кои го
раздвојуваат ангиотензин I од потентниот вазоконстриктор ангиотензин
II)
– алдостеронски антагонисти итн.
Фитотерапија во третман на хипертензија
 Голем број растенија што дејствуваат врз хипертензијата своето дејство го
остваруваат како и периферните вазодилататори.
 Постојат голем број на хербални препарати кои се присутни во
традиоционалната медицина и наоѓаат примена при хипертензија.
Народно име
Научно име
Дел што се
користи
Главни компоненти
Дневна доза
Evodia
Evodia
rutaecarpa
Plod
Alkaloidi (rutakarpin), tanini
3-9 g
Luk *
Allium sativum
Lukovica
Alini
4g
Ligusticum
wallichii
Koren
Alkaloidi (tetrametilpirazin, perlolirin,
leucilfenilalanin),eteriсno maslo
5g
Kromid *
Allium cepa
Lukovica
Alini, flavonoidi
20 g
Citizus *
Cytisus scoparius
Herba
Hinolizidinski alkaloidi, biogeni amini,
flavonoidi
1-2 g
Rauvolfia *
Rauwolfia
serpentina
Koren
Alkaloidi (rezerpin, ajmalin)
a
Stefania
Stephania
tetranda
Koren
Alkaloidi (tetrandrin)
b
Bela ~emerika
Veratrum album
Rizom, koren
Steroidni alkaloidi
0.02-0.1 g
Маханизам на дејството на хербалните
антихипертензиви
 преку редукцијата на срцевата работа и/или
 преку намалувањето на периферниот отпор.
 го активираат n. vagus, со што
предизвикуваат брадикардија, но и
вазорелаксација, а со тоа и намалување на
покачен крвен притисок.
И покрај тоа што се спроведени голем број испитувања за антихипертензивниот
ефект на одредени хербални лекови, сепак сеуште се смета дека постои
недостаток на клинички податоци кои би ја потврдиле нивната ефикасност.
Allium sativum – лук
Хемиски состав:
– најважните се сулфурните компоненти,
алиинот.
Со механичка обработка алиинот се
разложува со ензим алиназа до млечна
киселина и 2-пропенилсулфинска
киселина, која веднаш се трансформира
во алицин. Со оксидација на алицинот се
формира диалилдисулфид.
Алкохолните екстракти од лук содржат
кондензациони продукти од алицин,
познати како ајоени, кои се јавуваат како
Z и E изомери. Присутни се и циклични
форми означени како винил-дитиини.
Дејство
– антихипертензивно дејство,
– антихиперлипидемично дејство, и
– анти-PAF активност, односно способност за инхибиција на ”факторот
на агрегација на тромбоцитите”- platelet activating factor, PAF.
Механизам на дејство
 сеуште не е точно утврдено кои компоненти се одговорни за
антихипертензивната активност, но познато е дека оваа активност се
остварува со механизам на:
• намалување на васкуларниот отпор и
• директна релаксација на мазните мускули,
• преку промена на мембранскиот
потенцијал на мускулните клетки.
• имено, се отвараат К-канали,
додека Са-канали се затворени,
за да се предизвика хиперполаризација,
која резултира со вазодилатација.
Клиничка ефикасност
 хипотензивниот ефект е докажан преку низа експериментални студии.
Мета-анализа:
 седум рандомизирани контролирани испитувања, кај 415 испитаници
 биле аплицирани 600-900 mg прашок од лук/ден, во текот на 4 недели.
Резултатите од три од вкупно седум спроведени испитувања покажуваат
значително намалување на систолниот, а четири на дијастолниот крвен
притисок, што всушност укажува на тоа дека препаратите од лук може да се
употребуваат за третман на умерена хипертензија.
И покрај тоа, препаратите од лук во малку земји се вклучени во рутинската
клиничка терапија на хипертензија, а многу повеќе се користат во
самомедикацијата или во комплементарната медицина.
Несакани ефекти, контраиндикации
Контраиндициран кај пациенти хиперсензитивни на компонентите на лук.
Покажува интеракции со антикоагулантни лекови (варфарин), бидејќи
сулфурните компоненти на лукот го потенцираат антикоагулантниот ефект на
варфаринот.
Несакани ефекти: сулфурните компоненти се излачуваат преку кожата и
слузниците и подолготрајна употреба резултира со силна миризба на кожата и
устата. Долготрајна и обемна употреба на лук може да предизвика нарушувања
во интестиналната флора.
Препарати, дози
Средна дневна доза за:
 свеж лук, 2-5 g;
 сув прашок, 0,4-1,2 g;
 масло, 2-5 g;
 екстракт, 300-1000 mg.
Препаратите треба да содржат:
 4-12 mg алиин или 2-5 mg алицин!
Community herbal monograph (HMPC/EMA): Комитетот за хербални лекови при
Европската агензија за лекови e во фаза на изработка на монографија за луковица од
лук. Објавен е повикот за прибирање на научни податоци.
Рауволфија, Rauwolfia serpentina (L.) Benth et Kurz (fam.
Apocynaceae)
Дрога позната во традиционалната медицина на Индија, Бурма, Индонезија и
другите земји од регионот. Дрога од Ајурведа медицината.
Рауволфијата е природен извор на алкалоидот резерпин.
Дрогата е одобрена од Германаската Комисија Е во третман на хипертензија.
Несакани ефекти: потешкотии во спиење, халуцинации кои се јавуваат во
текот на ноќта, самоубиствени идеи итн.
Во современа фитотерапија екстрактите од рауволфија ретко се користат!
Традиционални дроги
 Ризомот и коренот од Veratrum spp., Liliaceae.
- повеќегодишни растенија,
- распространети насекаде во светот.
- постојат голем број видови за добивање на дрога:
V. viride – Канада и Источен Америка,
V. californicum – Западен Америка,
V. album – Аљаска и Европа, и
V. japonicum – Азија.
Сите Veratrum видови содржат стероидни алкалоиди,
кои што дејствуваат на задниот ѕид од двете комори на срцето и
на барорецепторите сместени во левата преткомора на
срцето, предизвукувајќи рефлексна хипотензија и брадикардија
преку n. vagus.
Нeсакани ефекти: повраќање, брадикардија, силна хипотензија, а
поретко и напади.
Ретко се користи поради изразена токсичност!
Lepidium latifolium
за прв пат е употребено од страна на домородното население на
Канарските острови. Антихипертензивен ефект се остварува преку
диуретичното дејство.
Taraxacum officinale (глуварче)
поседува диуретична активност и високо количетво на калиум и токму затоа
се применува за намалување на систолниот крвен притисок кај повозрасни
пациенти.
Olea europea
листот од маслина исто така покажува хипотензивна
активност, која се должи на присутниот олеуропеин.
Hibiscus sabdarifa
 антихипетензивните компоненти на ова растение се интензивно
проучувани. Преку многубројни испитувања утврдено е дека
антихиперзентивниот ефект е речиси идентичен со оној на синтетскиот лек
каптоприл.
4. АРТЕРИСКА ХИПОТЕНЗИЈА
• Хипотензијата се дефинира како крвен притисок помал од 100/60 mmHg,
измерен повеќе пати во амбулантни услови, при постоење на симптоми
(замор, пореметувања на сонот, вртоглавица, несвестица, анксиозност или
депресија, чувство на силно лупање на срцето, потење) и отсуство на други
болести.
• Видови:
- хронична примарна, идиопатска хипотензија
- секундарна хипотензија која може да биде
- ортостатската (постурална) и
- постпрандијалната (после оброк) хипотенизја
Клиничка слика:
- вртоглавица, маглина пред очи,
- слабост на телото,
- пореметување на видот и
- краткотрајна несвестица (синкопа).
Терапија (конвенционален пристап)
• Како прва помош се препорачува промена на начинот на живот,
консумирање многу течности, исхрана која вклучува зголемен внес
на сол, зголемена физичка активност, избегнување на нагло
станување од креветот и др.
• Конвенционалната терапија вклучува употреба на:
- дихидроерготамин,
- етилефрин,
- амезиниум,
- минералокортикоиди.
Фитотерапијата во третман на хипотензија
Хербални лекови се погодни за употреба само:
 во краткотраен симптоматски третман на ортостатските проблеми
врзани за намален крвен притисок.
Определено значење имаат дрогите што содржат метилксантини!
Хипертензивно дејство се должи на присутните пурински алкалоиди,
кофеин, теобромин и теофилин.
Семе од кафе (Coffeae semen, Coffea spp., Rubiaceae)
наоѓа примена како освежителен напиток.
Црн и зелен чај (Thea sinensis L., Theaceae)
 Содржи пурински алкалоиди,
 Покажува и диуретска, антиоксидативна, антимутагена и
антиканцерогена активност.
 значајно е присуството на катехински танини поради
кои се користи за подобрување на циркулацијата како
ангиопротективно средство.
Кола (Cola spp., Sterculiaceae), и
Какао (Theobroma cacao L., Sterculiaceae)
 содржат пурински алкалоиди пред се кофеин,
 може да се користат за зголемување на крвниот
притисок.
6. ХРОНИЧНА ВЕНСКА ИНСУФИЦИЕНЦИЈА
 Хроничната венска инсуфициенција денес е
едно од најчестите заболувања на КВС
(заболени се 10-15% мажи и 20-25% жени).
 Настанува како резултат на дисфункција на
венскиот систем, предизвикана од валвуларна
инкомпетенција, која најчесто е придружена со
иреверзибилни промени на вените, венска
опструкција и деструкција на залистоците.
 Венската инсуфициенција најчесто се
манифестира преку проширување на вените.
 Тоа настанува со разградување на врските на
протеогликаните од еластичното ткиво од ѕидот
на вената, под влијание на лизозомни ензими.
Оштетување на ѕидот на вените води до нарушување на дилатацијата на
вените и нарушување на транспортот на електролити, протеини и вода,
што пак доведува до појава на едем.
Клиничка слика
• Клиничката манифестација вклучува прогресивен венски застој, отоци и
промени на кожата како што се пигментација и задебелување.
• Застој во длабоките вени доведува до:
– прогресивно оштетување на венските залистоци по што се јавува
– патолошки рефлукс на крвта од длабоките перфоратни вени во површинскиот
систем, а како последица на тоа доаѓа до
– застој и на површинскиот систем,
– руптура на малите површински вени и субкутана хеморагија, кои со тек на време
преоѓаат во
– пигментирани површини и оштетување во микроциркулацијата на кожата и
поткожното ткиво.
• Подоцна се јавува атрофија на кожата, оток, фиброза, лимфна стаза и
се отвараат ранички кои тешко зарастуваат.
• Пациентите се жалат на болка, оток и чувство на тежина во нозете.
• Во терминалната фаза доаѓа до појава на улцерации.
Предуслови за појава на проширени вени
•
Конституционалната слабост (најчесто наследна) на ѕидовите и
залистоците на вените.
Други предиспозиции:
•
Долго стоење или седење на работа или дома
•
Зголемената телесна тежина
•
Бременоста, зголеменото лачење на хормоните на бременоста
(естроген, прогестерон, гонадотропин)
•
Стареење
Конвенционално лечење
• носење еластични чорапи, кои помагаат на
мускулите во долните екстремитети да ја
насочуваат крвта нагоре.
• Медикаментозна терапија (аспирин или
ibuprofen),
• Склеротерапија, преку вбризгување на
склерозирачка пена во заболените вени.
• Компресивна терапија најефикасна конзервативна метода
забрзува венски проток, намалува венски
волумен, редукција на венски рефлукс,
подобрува микроциркулација и лимфна
дренажа.
Фитотерапија на хронична венска
инсуфициенција
Див костен, Aesculus hippocastanum L.
(fam. Hippocastanaceae)
Хемиски состав:
 кумарини, флавоноиди и сапонини (есцин).
Механизам на дејство
1) способноста за инхибиција на лизозомната ензимска активност и
трнаскапиларната филтрација на водата и протеините, која ја остварува преку
намалување на бројот и/или дијаметарот на капиларните пори;
2) способноста за зголемување на венскиот тонус, со што обезбедува крвен проток
преку венскиот систем од екстремитетите кон срцето;
3) намалување на активноста на протеогликан хидролазите (хијалуронидаза и
еластаза) и
4) превенција на акумулацијата на леукоцити во заболениот екстремитет.
Клиничка ефикасност
Употребата на семето од див костен за отстранување на симптомите на
хроничната венска инсуфициенција (како на пример болка и чувство на
тежина во нозете, грчеви во потколеницата, прурит и едеми на нозете) е
поддржана од страна на Германската комисија Е.
Објавениот систематичен преглед на клиничките испитувања за
препаратите од Aesculus hippocastanum, опфаќа 13 двојно-слепи,
рандомизирани, контролирани испитувања спроведени за проценка на
ефектот на екстрактот од див костен во третманот на хронична венска
инсуфициенција, кај 1083 пациенти, со што всушност била потврдена
поголема ефикасност на екстрактот од див костен, аплициран во
период од 20 дена до 8 недели, во однос на плацебо.
- екстрактот го намалува зголемениот волумен на потколеницата и
глуждот, што доведува до намалување на сипмтомите, односно на
болките во нозете, чувството на замор и напнатост.
Community herbal monograph (HMPC/EMA):
Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови има изработено
монографија за дрогата семе од див костен. Дозволена е употреба во облик на:
 Традиционални хербални лекови, како активна супстанца се користи
сув екстракт или тинкура. Можат да бидат полуцврсти препарати наменети за
апликација на кожа. Индикации за употреба се:
(1) ослободување од симптомите на нелагодност и тежина во нозете што се должи
на нарушувања на венската циркулација и
(2) ослободување од модринки, локален едем и хематом.
 Хербални лекови (со добро етаблирана употреба), како активна супстанца
се користи стандардизиран сув екстракт што содржи минимум 16-28% вкупни
тритерпенски сапонини сметано на есцин. Се вметнува во модифицирани цврсти
форми за орална употреба.
 Индикација е третман на хронична венска инсуфицијенција што се
карактеризира со отечени нозе, варикозни вени, чувство на тежина, болка,
замор, јадеж, тензија и здрвување.
Несакани дејства, контраиндикации
– најчесто пруритис, гастринтестинални тегоби, наузеа, повраќање,
главоболка и вртоглавица.
– се јавуваат кај 0,6% од пациентите, при што најмногу се манифестирале
гастринтестинални тегоби и спазми во потколеницата.
Можна е интеракција со антикоагулантна терапија, бидејќи кумаринските
компоненти од препаратите го потенцираат антикоагулантниот ефект.
Препарати, дози
– најчесто се применува стандардизиран екстракт (16-28% вкупен есцин).
– иницијалната орална доза на есцин изнесува од 90-150 mg/ден,
поделени во 2-3 поединечни дози.
– поновите испитувања сугерираат намалување на дозата на
35-70 mg/ден.
Приморски бор, Pinus pinaster
(fam.Pinaceae )
Култивирано дрво кое вирее во шумите на југозападна Франција. Се користи кора.
Хемиски состав: процијанидини (катехин,
таксифолин) и фенолни киселини.
Механизам на дејство: зголемување
на синтеза на антиоксдативни ензими и дејствува
како згаснувач на слободни радикали.
Дејства:
• антиинфламаторна активност,
• заштита од UV радијација,
• антиалергиски и имуностимулантни ефекти,
• редукција на капиларната пермеабилност и
едеми кај глуждот.
Дистрибуција на
проморски бор
Ruscus aculeatus L.(Liliaceae)
- зелена шимширика
Хемиски состав: стероидни сапонини (рускогенин,
неорускогенин), флавоноиди, деривати на
бензофураноид и етерично масло.
Механизам на дејство: констрикција на вените,
врз артериолите.
Се смета дека васкуларните ефекти на сапонините, кои
добро се ресорбираат по орална апликација, се
со:
без значително дејство
 активацијата на α1-адренергичните рецептори,
 активацијата на калциумовите канали од
мускулни клетки.
 анти-еластаза активност, за разлика од
од див костен, кај кои изостанува оваа активност.
асоцирани
мазните
екстрактите
Клиничка ефикасност: Индициран во третман на хемороиди и венски
состојби за ублажување на симптоми како чешање и печење, болка и
отекување.
Community herbal monograph (HMPC/EMA):
Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови има
изработено монографија за дрогата ризом од шимширика.
Според монографијата предвидена е можност за употреба на дрогата во
производство на традиционални хербални лекови, во кои како активен
конституент може да се користи спрашена дрога или сув екстракт.
Препаратите да бидат во цврст облик, за орална употреба, со индикации:
(1) ослободување од симптомите на нелагодност и тежина во нозете што се
должат на минорни нарушувања во венската циркулација, и
(2) ослободување од јадеж и чувство на печење при хемороиди.
Препарати, дози
– 300 mg сув екстракт (1-2 капсули дневно),
– комбинирани препарати од шимширика (75mg) во комбинација со масло од
рузмарин (2 mg).
– крема (4-6 g крема содржат 64-96 mg екстракт од кострика).
– во комбинација со други венски тоници (Melilotus officinalis L., Fabaceae),
екстракт од црната рибизла (Ribes nigrum L., Grossulariaceae), хесперидин и др.
Centella asiatica - готу кола
Хемиски состав
– тритерпеноиди (азиатикозид, центелозид, мадеказозид),
– флавоноиди,
– амино киселини,
– етерично масла и друго.
Се смета дека активни компоненти на дрогата се
пентацикличните тритерпенски деривати.
Азиатикозид
Механизам на дејство
– ја подобрува крвната циркулација во помалите венски
крвни садови, преку стимулација на синтезата на колаген и
мукополисахариди во ѕидот на вените.
– резултат на тоа е зголемување на венската еластичност
и намалување на капацитетот на проширување на вените.
– Ефикасна во третманот на кожни улцери, настанати
поради венска инсуфициенција, хирушки рани, фистули,
гинеколошки рани.
Мадеказозид
Клиничка ефикасност
– неколку рандомизирани, двојно-слепи и плацебо контролирани клинички
испитувања ја потврдуваат ефикасноста на дрогата и екстрактот од Centella asiatica во
третманот на хроничната венска инсуфициенција.
– екстрактот обезбедува намалување на едемите на долните екстремитети,
подобрување на венскиот тонус и на микроциркулацијата.
– при топикална апликација 3 пати на ден овозможува ефикасно и брзо заздравување
на рани.
Несакани дејства, контраиндикации
– несаканите ефекти вклучуваат појава на контактен алергиски дерматитис,
по надворешно и гастроинтестинални нарушувања и повраќање по
орална апликација.
Препарати, дози
– за третман на хронична венска инсуфициенција, дрогата е
достапна во облик на капсули (60 mg сув екстракт, со мин 5% тритерпени).
Терапијата треба да трае 4-5 недели, а се земаат 2 пати по 1 капс./ден.
– препарати за надворешна употреба (масти) за третман
на рани, целулит и хемороиди.
Боровинка, Vaccinium myrtillus L.
(fam.Ericaceae)
Хемиски состав:
 антоцијани, танини и флавоноиди.
 антоцијаните се главно хетерозиди
на делфинидин.
Се користи антоцијанскиот комплекс на плодот.
Механизам на дејство:
 ги подобрува функционалните пореметувања на крвните садови, особено
на капиларите и го стимулира обновувањето на капиларите.
 Покажува потентно протективно дејство,
 поседува и антиоксидативно и антитромбоцитно дејство;
 ја инхибира агрегацијата на тромбоцитите (од колагенот или од ADP),
 ја стимулира активностa на простациклинот од васкуларниот ѕид
(анти-тромбоцитен агенс).
Клиничка ефикасност
– плацебо-контролирани и двојно-слепи клинички ипитувања ја
потврдуваат ефикасноста.
Сепак, се смета дека постојат малку податоци за клиничката ефикасност на
плодот од боровинка во третманот на периферни васкуларни нарушувања и
венски нарушувања.
Несакани дејства, контраиндикации
– при употреба на плодот од боровинка во третман на хронична венска
инсуфуциенција, не се забележани значителни несакани ефекти, но треба
да се напомене дека високата содржина на танини во дрогата може да
предизвика дигестивни нарушувања. Ингестијата на свежи плодови може
да доведе до иритација на интестиналната слузница кај чуствителни лица.
Препарати, дози
– водени екстракти (3-6 ml/ден, 1:1)
– таблети (една таблета содржи од 50-120 mg антоцијани, што е
еквивалентно на 20-50 g свеж плод.
– екстракти за надворешна употреба.
7. ХЕМОРОИДИ
Хемороидите се проширени, зголемени и често
воспалени венски плексуси на ректумот и аналниот
канал. Пропратени се со констипација.
Честа појава во текот на бременоста како резултат
на порастот на интраабдоминалниот притисок со
компресирање на цревата.
Поделба: внатрешни и надворешни
Причини: напор при дефекација, бременост,
наследни фактори, стареење, хронична констипација,
неправилна исхрана, дијареа, злоупотреба на алкохол,
долготрајно седење.
Фитотерапија на хемороиди
 употреба на диететски влакна и третман на констипацијата;
 употреба на дроги што содржат слузи (Psyllium), омекнување на столицата;
 орална апликација на препарати за подобрување на венскиот тонус, како што се
препаратите од див костен и шимширика. Дрогите се достапни и во облик на креми
за надворешна апликација;
 надворешен третман со хербални препарати кои содржат адстригенси, како на
пример препарати на Hamamelis virginiana.
Латинско име
Народно име
Дел кој се користи
Populis alba
(P. nigra, P. tremula)
Ruscus aculeatus
Топола
кора, лист
Зелена
шимширика
Див костен
корен, ризом
Коњска
детелина
Перу балсам
цвет
балсам од стебло
Хамамелис
лист, кора
Aesculus
hippocastanum
Melilotus officinalis
Myroxylon balsamum
Hamamelis
virginiana
семе
Главни составни
компоненти
гликозиди и естри на
салицилна киселина
стероидни сапонини
(рускогенин), бензофурани
Флавоноиди, тритерпенски
сапонини (есцин)
кумарини, флавоноиди,
тритерпенски сапонини
цинамеин смола, испарливо
масло
танини, процијанидини
Дневна доза
10 g
a
b
c
d
e
Hamamelis virginiana, (Hamamelidaceae)
Хемиски состав:
 танини (галотанини,
хамамелитанини и процијанидини).
Механизам на дејство
– адстрингентно (вазоконстрикторно) и хемостатично дејство (танини).
– анти-инфламаторното дејство делумно се должи на вазоконстрикторната
активност.
– хамамелитанините и процијанидите го остваруваат анти-инфламаторниот
ефект и преку инхибиција на синтезата на 5-липооксогеназата и инхибицијата
на PAF (platelet activating factor - тромбоцитен активирачки фактор).
Клиничка ефикасност
– Употребата во третманот на хемороиди и венски нарушувања (хронична
венска инсуфициенција) е поддржана од страна на Германската комисија Е.
– Спроведените екепериментални и клинички студии ја потврдуваат
ефикасноста на хербалните препарати од хамамелис во отстранувањето на
симптомите кај пациенти со хемороиди или проширени вени (значително
намалување на чешање и болка; намалена фреквенција на крварења).
Несакани дејства, контраиндикации
– орална употреба може да предизвика гастроинтестинални тегоби.
– при надворешна апликација многу ретко може да се јави контактен
дерматитис.
Во клиничка студија спроведена за проценка на можните несакани ефекти
при примена на маст која содржи 25% екстракт од Hamamelis virginiana, во
која биле вклучени 1032 пациенти, било забележано дека контактен
дерматитис се јавува само кај 4 пациенти.
Community herbal monograph (HMPC/EMA):
Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови има
изработено монографија за дрогата лист од хамамелис.
Според монографијата предвидена е можност за употреба на дрогата во
производство на традиционални хербални лекови, во кои како активен
конституент може да се користи:
- сомелена дрога и течен екстракт или тинктура.
Препаратите можат да бидат чаеви (декокт) за надворешна и цврсти или
полуцврсти препарати наменети за ректална употреба, со индикации:
(1) ослободување од минорни кожни инфламации и сувост на кожа,
(2) ослободување од јадеж и печење при хемороиди и
(3) за плакненење на уста и за гаргара при минорни инфламации на
мукозните мембрани и во усната шуплина.
Препарати, дози
– 2 g за инфуз приготвен од листови или кора, три пати на ден;
– течен екстракт, 2-4 ml три пати на ден (1:1 во 45% етанол);
– супозитории кои содржат 0,1-1 g дрога и се аплицираат 1-3 пати на ден.
Melilotus officinalis (коњска детелина)
– дрогата и природните препарати содржат голема количина на кумарини и
флавоноиди, кои обезбедуваат зголемување на крвната циркулација во венските
плексуси и заштита на крвните садови;
Populus alba (топола)
– препаратите од топола наоѓаат примена во третманот на хемороиди поради
аналгетичната и адстрингентна активност, која всушност се должи на присутните
естри и гликозиди на салицилна киселина.
Aloe vera (алое)
– фитопрепартите од алое се применуваат во третманот на хемороиди поради
нивниот антибактериски и антиинфламаторен ефект.
Calendula officinalis (невен)
– ефикасноста во третманот на хемороиди се должи на аналгетичната,
антибактериската и антиинфламаторната активност.
8. АРТЕРИСКО ОКЛУЗИВНО ЗАБОЛУВАЊЕ
Настанува како резултат на абнормалност на крвните садови, односно
опструкција на крвните садови, која може да го редуцира протокот на крвта
и следствено на тоа да предизвика исхемија.
Зависно од локацијата, времетраењето и сериозноста, заболувањето може
да се манифестира со централни (вртоглавица, тинитус - зуење во ушите,
ослабена меморија, деменција) и периферни симптоми (интермитентна
клаудикација).
Степенот на прогресија на артериската оклузивна болест:
I фаза, во која се јавува слаба болка при одење (клаудикација) како
резултат на нецелосна опструкција на крвните садови,
II фаза, во која се чувствува силна болка при одење на кратки растојанија
(интермитентна клаудикација), при што се разликува фаза IIa (болката се јавува
при подолготрајно движење) и фаза IIб (болката се јавува при пократкотрајно
движење),
III фаза, во која се јавува болка при мирување, најчесто во нозете, при што
интензитетот на болката се зголемува при придвижување на нозете, и
IV фаза, која се карактеризира со тешкотии во движењето и загуба на
биолошки ткива.
Ризик фактори за развој на артериска оклузивна болест се:
 семејна историја на атеросклероза, висок крвен притисок, дијабетес, висок
холестерол, напредната возраст, начин на живот (конзумирање алкохол, пушење).
Заболувањето е прогресивно, дегенеративно и се развива со години и најчесто
не се манифестира се до 50-те или 60-те години од животот. Во многу земји за
превенција и третман на артериското оклузивно заболување се користат
хербални лекови.
Фитотерапија на артериско оклузивно
заболување
Прв избор: Gingko.
Ефектите од третманот се:
 превенција на мебранско оштетување од слободни радикали,
 подобрување на реолошките својства на крвта,
 подобрување протокот во микроциркулацијата, а со тоа и
 зголемена оксигенација и исхрана на ткивата.
Во превенција и фитотерапија на болестите на циркулацијата се употребуваат
и други дроги и препарати, како препаратите на:
лук,
 дроги што содржат проантоцијанидини,
 ω-3- масни киселини, итн.

Гингко, Ginkgo biloba L., Ginkgoaceae
Хемиски состав
Главните активни состојки се:
– флавоноиди,
– ацетилирани хетерозиди на кверцетин, камферол и изорамнетин,
– деривати на апигенин (биапигенин I3,II8),
– дитерпенските соединенија: билобалид и гинколиди A, B, C и Ј.
Биапигенин I3,II8
Гинкобалид
Механизам на дејство
Ефектот на Ginkgo biloba во превенцијата и терапијата на артериското
оклузивно заболување се должи на:
 антиоксидативната активност (овозможува деструкцијата на различни
слободни радикали и инхибиција на липидната пероксидација), и
 анти-PAF (спречува агрегација на тромбоцити; гинколид B е потентен
инхибитор на ”факторот на агрегација на тромбоцитите”).
Други важни дејства се:
 анти-исхемичната активност,
 подобрувањето на реолошките особини на крвта што севкупно
обезбедува подобрување на микроциркулацијата и состојбата при
артериската оклузивна болест.
Community herbal monograph (HMPC/EMA): Комитетот за хербални
лекови при Европската агенција за лекови ја објави нацрт верзијата
на монографија за дрогата во јануари 2014 година. Предвидена е
употребата и за хербални и за традиционални хербални лекови.
Клиничка ефикасност
– според Германската комисија E гинко е индициран при оштетувања на
меморијата, нарушувања на концентрацијата, депресијата, вртоглавицата,
тинитусот и интермитентната клаудикација.
Ефикасноста е клинички потврдена.
Несакани ефекти, контраиндикации
– гастроинтестинални нарушувања, диспепсија, главоболка, наузеа и кожни
алергиски реакции.
– интерферира со антикоагуланси или антитромбоцитни препарати,
– може да доведе до спонтани крварења, интрацерабрална хеморагија и
други компликации.
Препарати, дози
– стандардизиран екстракт, 24% флавонски гликозиди и 6% дитерпенски
лактони. Дневна доза е 120 mg од екстракт 50:1. Овој екстракт може да биде
инкорпориран во течности или во таблети, како 40 mg/ml или 40 mg/tbl.
Нема ограничувања во однос на времетраењето на употреба на препаратите и
не се забележани случаи на предозирање.
Allium sativum – лук
Механизам на дејство
– антимикробно, антихиперлипидемично, антихипертензивно,
– анти-PAF активност.
Активни компоненти се алицинот и ајоените.
Дејстваат преку:
 инхибиција на HMG-CoA редуктазата,
 ремоделирање на плазма протеините и на клеточната мембрана.
Во ниски концентрации (< 0,5 mg/ml), екстрактите од лук ја инхибираат
активноста на хепатичната HMG-CoA редуктаза, но во високи концентрации
(> 0,5 mg/ml) биосинтезата на холестеролот се инхибира во подоцнежните
нивоа од биосинтетските патишта.
 Лукот покажува и анти-PAF активност која се должи на присуството на
алиинот, алицинот, ајоените и винил-диитините. Механизмот се состои од
инхибиција на метаболизмот на арахидонска киселина, преку инхибирање на
активноста на ензимите циклооксигеназа и липоксигеназа, со што всушност
се инхибира формирањето на тромбоксан А2.
Клиничка ефикасност
– примената на препаратите од лук во превенција и терапија на болестите
на циркулацијата (нарушувања во циркулацијата, зголемен крвен притисок,
зголемени нивоа на липиди и холестерол) е поддржана со клинички
податоци.
Во една двојно слепа, плацебо-контролирана студија, на пациенти со
артериска оклузивна болест во фаза 2, им била аплицирана доза од 800 mg
прашок од лук, во период од 4 недели. Кај групата на пациенти третирани
со прашокот, било забелeжано зголемување на капиларниот проток и
намалување на плазматскиот вискозитет и нивоата на плазматскиот
фибриноген.
Друга рандомизирана двојно слепа, плацебо конторлирана студија ги
истражувала ефектите на лукот на тромбоцитната агрегација кај 60
пациенти со зголемен ризик за појава на исхемичен напад. Дневен внес на
800 mg спрашен лук во период од 4 недели значително го намалува
процентот на циркулирачки тромбоцитни агрегати и на спонтаната
тромбоцитна агрегација, во споредба со плацебо групата.
Несакани ефекти, контраиндикации
– Контраиндициран кај пациенти хиперсензитивни на компонентите на лук.
– Интеракции: истовремена апликација со антикоагулантна терапија
(варфарин) го потенцира дејството на антикоагулансите.
– Несакани ефекти: сулфурните компоненти се излачуваат преку кожата и
слузниците и подолготрајна употреба резултира со силна миризба на кожата
и устата. Долготрајна и обемна употреба на лук може да предизвика
нарушувања во интестиналната флора.
Препарати, дози
Средната дневна доза:
 свеж лук е 2-5 g;
 сув прашок, 0,4-1,2 g;
 масло, 2-5 g;
 екстракт, 300-1000 mg.
Препаратите треба да содржат 4-12 mg алиин или 2-5 mg алицин.
Омега-3-масни киселини
 ω-3-незаситените масни киселини помагаат во намалување на факторите
на ризик за срцеви заболувања, вклучувајќи висок холестерол и висок крвен
притисок.
 клинички испитувања кои укажуваат на тоа дека имаат својство да ја
“чистат”крвта и да вршат инхибиција на формирањето на масни плаки во
артериите, преку намалување на нивото на LDL, а покачување на нивото на
HDL-холестеролот.
Дозирање: 400 mg (рибино масло со омега-3-киселини).
Дозата за возрасни со срцеви заболувања или висок холестерол е 1-4 g
дневно; Сеуште нема дефинирана доза за деца.
Претпазливост: внимателно да се употребуваат кај пациенти кои примаат
антикоагулантна терапија, пациенти кои употребуваат лекови против
дијабетес, лекови за намалување на нивото на холестрол во крвта и
нестероидни антиинфламаторни лекови.
Несакани ефекти: Капсулите што содржат ω-3-масни киселини може да
предизвикаат гасови, надуеност и дијареа.

similar documents