Fitoterapija - imunostimulativni drogi

Report
ИМУНОСТИМУЛАТИВНИ
ДРОГИ
Проф. д-р Светлана Кулеванова
Институт за фармакогнозија
Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје
Механизам на дејство
Деjствуваат преку активација на неспецифичниотклеточно посредуван имунитет со помош на
фагоцитоза преку:
 Неспецифична активација на макрофаги и гранулоцити,
 Зголемување на бројот на неутрофили,
 Ослoбодување на медијаторите на инфламација,
(цитокини, интерлеукини, тумор некротизирачкиот фактор,
простагландини), кои што секундарно можат да го активираат
специфичниот имунитет т.е. да го зголемат бројот на лимфоцитите.
Значајни имуностимулативни дроги
• Echinacea angustifolia DC, E. purpurea (L.)Moench, E. pallida
(Nutt.) fam. Asteraceae.
• Aloe barbadensis, A. vulgaris, A. ferox, A. arborescens
fam.Liliaceae.
• Viscum album fam.Loranthaceae
• Andrographis paniculata fam. Acanthaceae.
• Astragalus membranous fam. Fabaceae
• Eupatorium perfoliatum fam. Asteraceae
• Baptisia tinctoria fam. Fabaceaee
• Thuja occidentalis fam. Cupressaceae
• Panax ginseng fam. Araliaceae
• Punica granatum fam. Punicaceae
• Arthrospira platensis (SPIRULINA)
Echinacea spp.

Во медицински цели се користат 3 вида на
ехинацеа и тоа:
 Echinacea angustifolia DC,
 E. purpurea (L.)Moench,
 E. pallida (Nutt.) fam.Asteraceae.




Echinacea е многугодишно, тревесто растение
кое расте во височина и до 60 cm
Има издолжени, цели листови (angustifolia и
pallida) или помалку или повеќе делени
(purpurea), по работ назабени.
Цветните главички се крупни со пурпурноцрвени цевчести цветови, поставени на
конусно цветиште и долги, розови, виолетови
или светлорозови женски цветови, поставени
периферно.
Растението е по потекло од С. Америка.
Дрогата се добива од природни популации
или од култивирано растение.
Историски преглед

Првите податоци за употребата на
ехинацеата во медицински цели датира уште
од времето на нативните американци од
северните делови на САД, кои ехинацета ја
користеле за третман на:






треска и респираторни инфекции,
каснување од змија,
изгореници и рани, и
отечени лимфни јазли.
По колонизацијата, ехинацеата е пренесена
во Европа каде во1800-тите E. angustifolia
почнала да се употребува како депуратив =
"чистач" на крвта и антиинфективен агенс.
Првиот препарат на база на ехинацеа во
Европа е ЕХИНАЦИН, кој содржел екстракт од
E.purpurea.
Хемиски состав
Echinacea angustifolia DC,
E. pallida Nutt. и
E. purpurea Moench, fam. Аsteraceae
 полисахариди (ехинацин),
 слободни фенолни киселини
(кафена и ферула киселина)
 естри и гликозиди на кафена киселина
цинарин, посебно E. angustifolia,
цикорија киселина во E. purpurea,
хлорогенска киселина,
 фенилетаноиди, ехинакозид,
 сесквитерпенски лактонски естри,
 пиролизидински алкалоиди
(изотусилагин и тусилагин),
 алкиламиди (ехинацеин),
 бетаин, масни киселини,
 фитостероли, смоли и етерично масло.
Биолошко-фармаколошки дејства
 Превенција и третман на инфекции на горен респираторен
тракт,
 Имуностимулирачко дејство,
 Антиинфламаторно дејство,
 Антимикробно дејство - антибактериско, антивирално,
антифунгално дејство,
 Антинеопластично дејство - како комплементарна терапија
при хемотерапија,
 Вунерабилно дејство - за заздравување на рани.
Механизам на дејство
– активните компоненти на ехинацеата се:
 естрите на кафената и ферула киселина (како што се цикорија
киселина и ехинакозид) и
 полисахариди (како што се арабиногалактан,
рамноарабиногалактан).
Имуностимулативните особини на ехинацеата се верува дека се должат на:
 активноста врз неспецифичниот имунитет, на фагоцитните клетки, при
што не се стимулираат сите имуни клетки:
 Б-клетките (кои продуцираат антитела)  не се активираат,
 кај Т-клетките – пролиферацијата е зголемена,
 нема промени во продукцијата на имуностимулативните цитокини.
ИНДИКАЦИИ
 Примарно се употребува за превенција и третман на инфекции
на горен респираторен тракт.
 Во превенција и третман на вирусни, бактериски и фунгални
инфекции, како што се:








otitis media,
фарингитис,
синузитис,
алергиски ринитис,
настинка и грип,
голема кашлица (пертусис),
кандидијаза,
циститис,
 комплементарна терапија при хемотерапија и AIDS.
ТОКСИЧНОСТ
 не содржи потенцијални токсични компоненти!!!
 акутна токсичност - иако ретко може да се јави само при
парентерална администрација, a симптоми се: треска, тресење
и слабост во мускулите.
 При долготрајна терапија нема докази за евентуална
мутагеност и канцерогеност.
 хронична токсичност - не треба да се зема подолго од 8 недели
поради (можна хепатотоксичност) и имуносупресија..
 Нема докази за хепатотоксичноста на ехинацеата!
 Поради писуството на пиролизидинските алкалоиди се смета
за потенцијално хепатотоксична.
Pirolizidinski alkaloidi
O
H
O
H
C H3
O
O
H
H
OH
N
Tusilagin
C H3
C H3
C H3
N
Izotusilagin
OH
НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ
 алергиски реакции кај пациенти осетливи на
растенија од fam. Asteraceae.
 ретко може да се јави и контактен дерматитис кај
ризична група на пациенти.
 при орална администрација повеќе од 12 недели - може
да се јави непријатен вкус во устата и ГИТ нарушувања
особено при употреба на пастили од ехинацеа.
Контраиндикации
 пациенти со прогресивни системски заболувања
(мултипла склероза, туберкулоза, системски лупус, автоимуни
заболувања и ХИВ), бидејќи може да предизвика дисфункција
на имуниот систем.
 Нема податоци за безбедност при бременост и лактација.
Интеракции - малку се познати
 Теоретски може:
 да интерферира со имуносупресивна терапија, при
трансплантација,
 да ја зголеми токсичноста на хепатотоксични лекови
(анаболни стероиди, амјодарон, метотрексат и кетоконазол).
Дозирање











Стандардизација се врши според ехинакозид.
Се преферира употреба на сокот од ехинацеа во облик на алкохолна
тинктура, поради тоа што некои од активните компоненти не се
растворливи во вода.
екстракт од спрашен корен (500мг-1 г), а Германската комисија Е
препорачува 900 мг/ден.
капсули/таблети - 1-2 капсули три пати на ден,
свеж сок - според германска комисија Е се препорачува 8-9 мл /ден,
сок во алкохолна тинктура од E. аngustifolia (1:5 во 45% алкохол)
- 1,5-7,5 мл/ден или 1-4 мл три пати на ден,
течен екстракт од E. purpurea (1:1 во 45% алкохол)
- 0,25-2 мл три пати на ден,
чаеви - не се препорачуваат, бидејќи активните компоненти може да не
се екстрахираат.
исушен корен од E. angustifolia и E. pallida - 1-3 г/ден, а од E. purpurea од
1,5 -4,5 г/ден. (соодветен еквивалент на хербалните преработки).
исушена херба од E. purpurea - 2,5-6 г /ден. (соодветен еквивалент).
Дози во хербални комбинации - нема доволно студии!
Препарати
 Еднокомпонентни препарати
(Echiherb, Echinacin, Echina Pro, Resplant)
 Мултикомпонентни препарати
(Allergenid, Antifect, Cold-eeze, Echinacea ACE
Plus Zinc, Echine, Enertonic, Eberitox, Herbal
booster, Herbal cold and flu relief, Nasalgon,
Sambucus powder, Uralyt, Urgenin, Vitaglow)
Германската комисија Е препорачува употреба:
- на сок од надземни делови на E. purpurea и
- алкохолни екстракти од корен од E. pallida.
- не ја препорачува упторебата на
E. аngustifolia.
Community herbal monograph (HMPC/EMA).
Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови има
изработено три монографии за дроги корени што се добиваат од различни
видови ехинацеа.
 КОРЕН од E. pallida, предвидeна е употребата само во производство на
цврсти и течни традиционални хербални лекови за орална употреба, во кои
како активна супстанца се користи сув екстракт или тинктура од дрогата.
Индикација на препаратите е помошен третман при вообичаена настинка.
 КОРЕН од E. purpurea, предвидeна е употребата само во производство
на цврсти традиционални хербални лекови за орална употреба, во кои се
користи исклучиво сув екстракт од дрогата. Индикација е помошен третман
при вообичаена настинка.
 КОРЕН од E. angustifolia, предвидeна е употребата само во производство
на хербални чаеви, во кои се користи исклучиво сечена или спрашена
дрога. Индикацијата е иста, помошен третман при вообичаена настинка.
 HERBA од E. purpurea
HERBA RECENS
Надворешна
употреба
Орална
употреба
Хербални лекови за
краткотраен третман
на вообичаена
настинка
Традиционални
хербални лекови за
третман на помали
површински рани.
Aloe spp.
Во медицински цели се користат повеќе видови на алое и тоа:
Aloe vera, A. barbadensis, A. vulgaris, A. ferox, A. arborescens,
fam. Liliaceae (по ново Xanthorrhoeaceae)

Аloe ferox Mill., повеќегодишно сукулентно растение, со височина до
2-3m, со големи, дебели, сочни, на врвот заострени и по работ
назабени листови, исправено стебло со портокалови цветови на
врвот. Расте во полупустинските предели на Јужна и Источна Африка.
Од него се добива кап-алое (Аloe capensis).

Aloe barbadensis Mill. (syn. Aloe vera L.), ниско медитеранско
растение. Се одгледува во Јужна Америка, на Антилските
Острови и во Западна Индија. Од него се добива кирасао
или барбадос-алое (Aloe Curassavica)

Алое гел се произведува главно од А. vera!!!
Хемиски состав
Алое гел содржи:
• полисахариди - глукоманани и
ацил-манани, ацил-глукани и др.
• други компоненти (карбоксипептидази, магнезиум, цинк,
калциум, глукоза, холестерол,
салицилна киселина, прекурсори на
простагландини (гама-линоленска
киселина), витамин А, Ц и Е, лигнани,
сапонини, стероли и аминокиселини) и
др.
Алое (впарениот сок) содржи:
• антрахинонски гликозиди (алоин,
алое-емодин, барбалоин (15-30%)
и др.
Малоил глукани
Хемиски состав/дејство
Гел





Сок
99% вода,

pH 4,5.
Глукомананите имаат емолиентен
ефект. Гелот се користат во
козметологијата во препарати за
хидратација на кожа.
Ацемананите се одговорни за

вунерабилно и имуномодулаторно
дејство, а покажуваат и
антинеопластични и антивирални
ефекти.
за антиинфламаторно дејство
одговорни се:

 ензимот брадикининаза,
 магнезиум лактат, кој спречува
чешање,
 салицилна киселина,

 други антипростагландински
компоненти, кои што ја намалуваат
инфламацијата.
Антрахиноните се потентни
стимулатори на лаксативниот
ефект. Алоето има најсилно
лаксативно дејство, но исто така
дава повеќе несакани ефекти,
како што се дијареја и наузеа.
Препаратите се користат
навечер. Имаат слаба
апсорпција, но по хидролизата
од страна на бактериската флора
нивната апсорпција станува
задоволителна.
Се елиминираат преку
урина, жолчка и фецес,
а можат да преминат и
во мајчиното млеко.
Постои можност да ја
алкализираат урината
и да ја обојат црвено.
Потврдени фармаколошки дејства
Алое-гелот има:
 антиулцеративно дејство,
 хипогликемично дејство,
 имуностимулативно,
 антиинфламаторно,
 антимикробно (антибактериско, антивирално, антифунгално),
 антинеопластично,
 антифунгално,
 вунерабилно,
 дејство против псоријаза.
Сокот од алое има
• лаксативно дејство,
• еменагогно дејство.
Индикации
 Примарно се употребува надворешно за третман на
изгореници, рани и други повреди на кожа и слузници (гел).
 лаксатив (алое) за краткотраен третман на констипација.
 имуностимуланс (алое-гел).
 експериментална терапија на улцери и ХИВ (алое-гел).
 третман на псоријаза (алое-гел).
 Намалува и несакани ефекти при терапија на канцер (гел).
 Алое-гел е активна компонента во КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ,
како што се лосиони, креми за сончање и др. препарати, поради
капацитетот на гелот да го спречи стареењето на кожата.
 Помага при третман на изгореници од радиоактивни зрачења,
улцери, па дури и AIDs.
 Некои фитотерапевти го препорачуваат алоето и во превенција на
појава на ренални камења.
Токсичност
 Потентни токсични компоненти во алоето се
антрахинонските гликозиди!!!
 Акутна токсичност - понекогаш може да се јави боцкање по
кожата при првата апликација на гелот но тоа се избегнува со
чување на гелот во фрижидер. Асоцирана е и ГИТ токсичност
(наузеа, дијареа, хеморагија).
 Хронична токсичност - при долготрајна употреба на алое
(лаксатив) може да дојде до губење на калиумот што води до
мускулна слабост и аритмија. Може да се развие синдром на
зависност од лаксативи за нормалната функција на колонот..
 Антрахиноните може да предизвикаат генотоксичност.
 Алоето нема токсично дејство врз репродукцијата, ниту
тератогено дејство,
 За алое нема податоци за канцерогеност.
Препарати
 Еднокомпонентни препарати.
(Acibar, Dermiade, Herbal harvest aloe extract,
Hepatica, Lucida, Laksatan, Nature S Herbs Aloe
Vera vel, Standardized aloes extract)
 Мултикомпонентни препарати.
(Aristochol, Blistex, Aloe and vitamin E, Cleansinc
herb tablets, Hemorid for women, Vagisil)
 Стандардизирани препарати според
Британска и Европска фармакопеја.
Viscum album





Имелата е семипаразит што расте на
различни видови листопадни дрва:
јаболка, круша, слива и др.видови од
Rosaceae. Имелата што расте на видовите
од Fagaceae е видот Loranthus europaeus
Jacq.) и не се користи.
Moрфолошки имелата е субгрмушка што
формира сферична крошна.
Листовите се наспрамни, зелено-жолти, по
работ цели и на врвот тапи, распоредени
на стеблото и на гранките. Бочните страни
се лажно дихотомно разгранети.
Цветовите, женските и машките се
поставени во групи од 2-6 во пазувите на
листовите.
Плодот е белузлава, едносемена, месеста
бобинка која со зреење станува проѕирна.
Хемиски состав
 Гликопротеини (лектини):
имела лектини I, II и III,
 Протеини: вискотоксини,
 Полисахариди:
галактоонан, арабиногалактан,
 Феноли,
 Алкалоиди,
 Флавоноиди (флавоноиди и
халкони).
Фармаколошки дејства




антихипертензивно дејство,
имуностимулативно дејство,
антинеопластично дејство,
антиоксидантно дејство.
Традиционални дејства (без експериментални докази):
 антикоагулантно дејство,
 антиревматично дејство,
 абортивно дејство.
Индикации
Контраиндикации
Примарна употреба:
• Антинеопластик,
• Имуностимулант.
 хронични прогресивни инфекции како
што е туберкулоза.
 срцеви заболувања, може да предизвика
хипертензија или хипотензија.
Секундарна употреба:
• Антихипертензив.
Токсичност
• Потенцијално токсични супстанции кои можат да се најдат во
имелата се: лектини и вискотоксин.
• Сите делови на растението содржат токсични супстанции!!!!!
Акутна токсичност:
• Германската комисија Е - несакани ефекти се треска, главоболки,
ангина и хипертензија.
• Голтање на концентриран екстракт од имела може да предизвика
сериозни труења.
Andrographis paniculata
 Се нарекува индиска ехинацеа
поради сличните дејства со
ехинацеата.
 При настинка ги ублажува
симптомите како замор, суво грло
болка во мускулите.
 Се земаат по 400 мг на 8 часа со
многу течности за време на оброк.
 Нема познати несакани ефекти но не
се препорачува за употреба:

кај деца,
 бремени жени,
 жени во лактација и
 при сериозни хепатални и бубрежни
заболувања.
Panax ginseng
• Се користи во превенција на
настинка и грип.
• Не е токсичен и не е канцероген.
• Се метаболизира преку CYP3а4.
• Нема податоци за
контраиндикации.
• Препаратите се стандардизирани
според содржината на
гинсенозиди.
• Се препорачува земање на
200 мг/ден на стандардизиран
екстракт кој содржи 4-7%
гинсенозиди.

similar documents